Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можни се ограничувања за невакцинираните за присуство на јавни собири, најави Филипче

Можни се ограничувања за невакцинираните за присуство на јавни собири, најави Филипче

Во август ќе се знае дали ќе има ограничувања за невакцинираните граѓани. 

Ова денеска го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.  Доколку има мерки тие ќе бидат со цел да се заштити вакцинираното население. 

„Видовме во изминативе години што значи да нема вакцина за една болест, какви рестрикции, полициски часови.  Гледаме и следиме примери и од другите земји, има приватни компании кои едноставно сакаат вработените да им се вакцинирани за да може нормално да функционира работниот процес, а ние ќе го штитиме јавното здравје со тоа што евентуално би вовеле такви мерки таму кај што има можност за масовни собири, јавни настани, можеби влез за некои јавни места“, изјави Филипче. 

Вели дека во овој момент имаме највисока стапка на вакцинација споредено со многу земји во регионот, но и во овој дел на Европа.

За 24 часа во Македонија има нови 47 заразени со коронавирусот. Најголем дел од нив се од Скопје, Тетово, Куманово.

Сепак, во српскиот град Врање повеќе се вакцинираат Македонци од Срби. 

Податоците на Здравствениот центар (ЗЦ) од Врање, покажуваат дека вчера се аплицирани вкупно 213 вакцини, од кои прва доза примиле 70 македонски граѓани, за разлика од 38 српски. 

Слично

Поврзани вести