Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЖНИ СЕ ИЗЛЕВАЊА НА РЕКИТЕ ВО СЕВЕРНИОТ ДЕЛ НА ЗЕМЈАВА - ЦУК предупредува на обилни дождови во попладневните часови

МОЖНИ СЕ ИЗЛЕВАЊА НА РЕКИТЕ ВО СЕВЕРНИОТ ДЕЛ НА ЗЕМЈАВА - ЦУК предупредува на обилни дождови во попладневните часови

Од Центарот за управување со кризи, известуваат дека од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) добиле известување оти денеска во попладневните часови на повеќе места локално се очекуваат краткотрајни поројни врнежи од дожд кои е можно да предизвикаат брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици низ земјава. 

Притоа, овие дождови, според објавата на ЦУК на нивната Фејсбук страна, можно е да предизвикаат и локални проблеми во дел од населените места, посебно во северо -  западниот дел на земјата, односно Кумановскиот регион, Скопскиот регион и Тетовско - Гостиварскиот регион. 

- Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците, како и на сите оние места каде локално во попладневните часови ќе има интезивни врнежи од дожд - посочуваат од ЦУК.



Слично

Поврзани вести