Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можна ли е екстрадиција додека трае постапка за азил?

Можна ли е екстрадиција додека трае постапка за азил?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вечерва во Само вистина на Канал 5 изјави дека додека трае постапката за азил, поранешниот премиер, Никола Груевски не може да биде екстрадиран во Македонија.

Претходно министерот информираше дека за поранешниот премиер е распишана меѓународна потерница, која пред потврдата дека тој е во Унгарија, беше распишана како национална. 

Спасовски кажа дека помагачи Груевски имал, но не откри детали. 

Унгарските медиуми, веќе објавија што предвидува законот за политички азил во земјата. Според пишувањата, лицето кое бара азил мора да аплицира до Управата за имиграција и азил, веднаш штом се најде на територијата на земјата. Овој орган има законски рок од 60 дена да го прифати или одбие барањето, до кога треба да ги слушне причините зошто апликантот бара политички азил. Унгарскиот закон предвидува и забрзана постапка, во која може да се одлучи за 15 дена.

Слично

Поврзани вести