Економија, финансии, бизнис

Контакт

Може да стратува подземниот катастар

Може да стратува подземниот катастар
Од вторник сите компании кои поседуваат инфраструктурни објекти може да започнат со премерот преку приватните геодетски фирми. Ова се новите во Правилник за премер на инфраструктурните објекти, односно подземниот катастар. -Со овој Правилник ги пропишавме правилата за игра и ги повикувам компаниите премерот да го направат побрзо, бидејќи законскиот рок е пет години. Се работи за многу објекти и околу 100 илајди километри инфраструктура која треба да се премери,“ изјави директорот на Агенцијата за катастар,Славче Трпески. Предмет на премер се сите објекти од копнениот сообраќај, сите подзмени објекти како водоводни и канализациони инсталации и електронски-комуникациски средства, далноводите и друго. -Компаниите со самиот премер ќе знаат каде им се нивните инсталации, ќе добијат имотен лист и ќе се стекнат со право на сопственост на тие инсталации.На тој начин понатаму ќе можат да располагаат со нив. Со добивањето на имотниот лист, вредноста на компанијата ќе се зголеми, а од друга страна истите може да послужат како хипотека за кредит, да се дадат под закуп и да се оттуѓат.На ниво на држава ќе се знае каде поминуваат тие инсталации. Друг аспект е безбедносниот, па кога ќе се вршат градежни работи точно ќе се знае што поминува под парцелите и инвеститорите нема да шетаат по институциите за да ги извадат документите. Во Катастарот ќе ги добијат сите податоци за инфарструктурата што поминува под парцелата,“ објасни Трпески. Според него, секоја компанија има сопствена евиденција на нејзината инфраструктура, премерена на начин за којшто сметале дека треба да се мери. Но, со овој Правилник се пропишуваат правила и униформно ќе се измерат сите инсталации. Во однос на граѓаните пак, и тие ќе знаат кои инсталации поминуваат под нивните парцели и кога објектите ќе бидат запишани во Катастар ќе можат да го регулираат односот со носителите на инфраструктурните објекти.  
Слично

Поврзани вести