Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Можевте да викнете на дружба“: Битиќи потсетува кој го потпиша договорот со германската БМЗ

„Можевте да викнете на дружба“: Битиќи потсетува кој го потпиша договорот со германската БМЗ

И поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи денеска со објава за новата инвестиција тешка 65 милиони евра.

Со картка објава и потсетување на потпишувањето на договорот со германската компанија за инвестирање во нов објект каде би требало да се вработат 700 луѓе Битиќи ги потсети и следбениците на Фејсбук, но и сега веќе актуелните носители на функции, дека тој го потпиша договорот со германската компанија, која пред два дена помпезно ја најавуваше премиерот Христијан Мицкоски. 

- Можевте да викнете на дружба... - напиша Битиќи, еве ја неговата објава: 




Денеска премиерот Мицкоски, при поставувањето на камен темелникот на новата инвестиција го спомена Битиќи.

- Да му се заблагодарам на поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи. Претпоставувам дека тој со тоа не успеал да ги убеди граѓаните доволно пред парламентарните избори до 8 мај, па оваа влада го заврши овој процес - рече Мицкоски.

Инаку оваа инвестиција беше најавена уште пред една година, на почетокот на септември минатата година. 

- Со потпишувањето на договорот со БМЗ, портфолиото на странски инвестиции во нашата држава го збогатуваме и зголемуваме со нова инвестиција во фабрика за производство на батерии која ќе отвори 755 нови работни места - изјави тогаш вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Беше најавено дека инвестицијата ќе тежи 65 милиони евра и дека се планира годишен извоз од 360 милиони евра.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести