МОЖЕТЕ ДА ПОСТАВИТЕ ПРАШАЊА: ВМРО-ДПМНЕ стартува со трибини
ВМРО-ДПМНЕ стартува со нов вид на комуникација со граѓаните, преку отворени трибини со граѓаните.
Трибините се насловени како „Отворено со комисиите на ВМРО-ДПМНЕ – Знаеме како, можеме подобро“.
На трибините членовите на партиските комисии ќе ги истакнуваат своите видувања за актуелни општествени прашања, ќе ги претставуваат политиките на партијата и решенијата за тековните проблеми и предизвици, како и стратегиите и проектите за развој и напредок во сите општествени сфери.
Сите граѓани ќе имаат можност да им постават прашања на комисиите на тема од областа на комисијата која тој ден ќе ја реализира трибината. Граѓаните своите прашања ќе можат да ги постават секој ден до 17 часот на мејл, при што одговори ќе добијат на трибината или електронски.
ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите граѓани да се вклучат во трибините, со што ќе се придонесе за подемократско, транспарентно и одговорно општество.
Првата трибина ќе ја одржи Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ денеска во 19 часот.