Економија, финансии, бизнис

Контакт

Може да излезете од Македонија, но на сопствена одговорност

Може да излезете од Македонија, но на сопствена одговорност

Македонски државјани ќе може да патуваат надвор од земјата но на сопствена одговорност, така што на граничните премини за излез од Северна Македонија треба да потпишете соодветна изјава која ја издава МВР.

Пополнувањето ќе се врши на самиот премин, а со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај да наиде на проблем во странство.

При влез во државата секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа и истиот да биде негативен. 

На граничниот премин се потпишува и изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена. Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден PCR тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.


Слично

Поврзани вести