Можеме со авион во Грција ама со негативен тест и карантин од 7 дена: Тргнати забраните
Грција ги укина ограничувањата за патниците од летовите од Македонија, Турција, Албанија, кои до сег абеа на сила а поради спречување на ширењето на Ковид-19, соопшти денеска институцијата за цивилно воздухопловство (ИПА).
Како што јавува Ројтерс, сите патници од странство ќе треба да покажат дека имаат негативен тест за Ковид-19, направен во рок од 72 часа пред нивното пристигнување, соопшти ИПА. Тие исто така ќе мора да бидат во карантин дома или во нивното место на престој седум дена.
ИПА исто така го зголеми лимитот за посетители од Русија, на 4.000 неделно од 500 претходно, со дозволени летови до аеродромите во Атина, Солун и Ираклион на Крит.
Слично
