Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можеме ли да сметаме на грчка поддршка за евроинтеграциите?

Можеме ли да сметаме на грчка поддршка за евроинтеграциите?

Процесот на европски интеграции на земјите од Западниот Балкан претставува стратешки приоритет на Република Грција, вели алтернативниот грчки министер за надворешни работи задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис. 

Тој со писмо упатено до вицепремиерот Бујар Османи најави поддршка за европските интеграции на земјава.

„Во таа насока, ние го поддржуваме и процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија, во согласност со предвидените услови и на основа на сопствените заслуги, за што целосната имплементација на Преспанскиот договор претставува императив“, пишува Варвициотис. 

Од кабинетот на Османи информираа дека во писмото се најавува и билатерална средба меѓу претставниците задолжени за европски прашања на двете земји.

Слично

Поврзани вести