„МОЖЕБИ Е ВРЕМЕ ЗАПАДОТ, ОДНОСНО ЕВРОПА, ДА ЗАМОЛЧИ И ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ НАСТРАНА“: Ванковска за преговорите меѓу САД и Русија
Професорката Билјана Ванковска се огласи со став околу вчерашните преговори помеѓу САД и Русија.
„Каков неверојатен израз на западниот (во овој случај, европски) хубрис е предлогот токму оние европски нации што активно работеа на спречување на мирот, саботираа мировен договор уште во април 2022 година и продолжуваат да туркаат кон ескалација на војната, сега да се нудат како мировници. Дали нѐ сметаат за будали или едноставно не сакаат да признаат дека се страна во конфликтот, а не непристрасни актери во Украина? Москва сигурно нема да ја излажат. Учесниците на овој итен самит во Париз или никогаш ја немаат прочитано Повелбата на ОН или, пак, се целосно игнорантни за концептот на чување на мирот според ОН. Во орвелијански манир, сакаат да ја спојат идејата за воена поддршка со распоредување на сини шлемови меѓу завојуваните страни.
Можеби е време Западот, односно Европа, да замолчи и да се повлече настрана, додека на сцената како вистински мировници не стапат нациите од Глобалниот југ, кои уште од 2022 година доследно повикуваат на мир со мирни средства, за разлика од милитантните европски „чувари на мирот“ на континентот што страда од сопствената геополитичка ароганција“, напиша таа.
Слично
