Може ли Македонија да ќари влез во НАТО од Трамп?
Тоа што Џорџ Буш не успеа да го направи нова шанса за поправен ќе има Доналд Трамп кој во јануари ќе ја презеде претседателската функција на САД. Според аналитичарот Лук Кофи од фондацијата Херитиџ, Трамп ќе има поголема наклонетост кон Балканот во однос на Обама и тој може да изврши притисок Македонија да влезе во НАТО без оглед кој модул ќе биде применет.
„Ако САД ја притиснат Грција да и дозволи на Македонија да се приклучи кон НАТО под референцата, тоа ќе биде напредок и подобрување. Сакам да се надевам и мислам дека кој и да е во Белата куќа, објективно ќе ја разгледа ситуацијата и ќе види дека за доброто на Алијансата и за доброто на регионот, е важно Македонија да се приклучи кон НАТО. Од друга страна, мислам дека Македонците треба да прифатат членство во НАТО под привремената референца“, вели Кофи за МТВ.
За насоките на надворешната политика на Трамп се уште е рано да се говори бидејќи тој не одбрал ни кандидат за Стејт департментот кој би ја туркал неговата интернационална и дипломатска агенда, а засега сериозен канидат е Мит Ромни со кој пак имаше големи несогласување за време на примарните избори кај Републиканската партија.
