Економија, финансии, бизнис

Контакт

Може ли да се одложат изборите заради блокирањето на законите

Може ли да се одложат изборите заради блокирањето на законите

Ако во Собранието не бидат донесени суштинските закони кои се значајни за животот на граѓаните, тогаш изборите може и да се одложат, изјави денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека сепак не го посакува тоа.

„Сто пати досега сум кажал дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено должност, пред се, граѓанска и политичка е да не дозволиме било што да ја закочи реализацијата на она што значи интерес на граѓаните“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со 120-те закони што се на дневен ред на собраниската седница. Тој нагласи дека нема да им го дозволат тоа на оние што се обидуваат да опструираат, но апелираше и до парламентарното мнозинство да биде во собраниските клупи за навремено да се донесат суштинските закони.

Слично

Поврзани вести