Може ли да има промени: Средношколците и на протест и на бојкот
Да имаат право да избор, односно наставата да биде комбинирана - онлјан и со физичко барање - ова е барањето на средношколците кои преку Сојузот на средношколците најавија дека од следниот петок ќе протестираат против одлуката на Министерството за образование, наставата годинава за нив да почне само од дома.
Доколку на 15 септември се стартува само со онлајн настава или настава на далечина, ние ќе бидеме офлајн, односно ќе ја бојкотираме наставата“, изјави претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи.
Одлуката ја донесоа вкупно 51 претставник на средношколците од 17 градови во земјава преку онлајн состанок вчера. Тие во петокот беа на средба со министерот Венко Филипче.
На состанокот било одлучено заедно да соработуваат на усовршување и најдобра имплементација на моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во наредната учебна година. Покрај средношколците, на состанокот присуствувале и техничкиот премиер Оливер Спасовски, неговата заменичка задолжена за економски прашања и идна министерка за образование и наука Мила Царовска, министерот за образование во заминување Арбер Адеми, министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерката за образование Елизабета Наумоска.
