Економија, финансии, бизнис

Контакт

Може ли Ахмети да биде клучен сведок за „Диво насеље“

Може ли Ахмети да биде клучен сведок за „Диво насеље“

Адвокатите на обвинитетите учесниците во кумановските борби го повикаа Али Ахмети, лидерот на ДУИ, да се појави како сведок во судењето за „Диво насеље“. Тие досега на повеќе рочишта посочија дека не се терористи и дека нивното присуство во Куманово други го нарачале, но не за напад врз полицијата, а тврдат дека се вмешани политичари на високи позиции, како и припадници на безбедносните служби на Македонија. 

По битката во Диво Насеље се откри дека еден од осомничените терористи бил во комуникација со припадник на УБК, а барале и од Али Ахмети да преговараат со полицијата, но судирите беа премногу жестоки со голем број на жртви на двете страни. 

Адвокатите на околу 40 обвинети лица порачаа дека веруваат Ахмети ќе се појави за да даде исказ бидејќи е човек од збор, но доколку тој и други сведоци не се појават тие се спремни сами да ја откријат вистината.

Денешното рочиште траеше кратко откако јавната обвинителка посочи дека сведокот кој дал претходен исказ се разликувал од денешниот кој го дал пред судот, а од одбраната побараа да им биде доставен.


Слично

Поврзани вести