Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЖЕ И БИЛО КОЈ ОД МНОЗИНСКИТЕ КОАЛИЦИИ ДА ПОБАРА РАСПУШТАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ: Кои се сите опции по оставката на Заев?

МОЖЕ И БИЛО КОЈ ОД МНОЗИНСКИТЕ КОАЛИЦИИ ДА ПОБАРА РАСПУШТАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ: Кои се сите опции по оставката на Заев?

Кои се можните сценарија на полтичката сцена откако вчера по изборниот исход премиерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата, а си замина иод претседателската функцијаво СДСМ. Професорката Мирјана Најчевска вели дека има неколку излезни решенија, но потврдува дека со оставката на премиерот, според нашиот Устав во оставка е целата Влада.

Оставката Зоран Заев треба да ја поднесе до Собранието кое треба да ја усвои.

Најчевска ги набројува можните сценарија. 

Вели дека ако досегашната владејачка коалиција има мнозинство во Собранието и Претседателот на државата треба да и додели нов мандат за формирање Влада.

Во овој случај СДСМ како најголема партија во коалицијата може да понуди свој кандидат или да се договори со коалиционите партнери за кандидат од нивните редови или независен експерт како кандидат.

„Втората опција е да се формира нова мнозинска коалиција на која Претседателот и доделува мандат за формирање Влада.Третата е било која од мнозинските коалиции во Собранието да поведе постапка за распуштање на Собранието и распишување предвремени избори, а четвртата сите партии во Собранието се договараат за формирање на експертска Влада која ќе го доврши мандатот на претходната до наредните редовни избори, пишува професорката Најчевска.




Слично

Поврзани вести