МОЖЕ ДА СЕ ПОПИШЕШ И ПРЕД ЗГРАДА: Куќните совети организираат
Вкупно 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.
Се одвива во услови на пандемија на коронавирусот, а дел од граѓаните негодуваа поради можноста за ширење на вирусот од попишувачите. Сега, според сознанијата, на жителите на колективните објекти им е овозможено да се симнуваат и пред зграда за да се попишат надвор.
Слично
