МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ: Забрането е летање дронови во Кочани и Штип
Забрането е летање дронови во Кочани и Штип.
Агенцијата за цивилно воздухопловство забрани летање и било какви операции на дронови на територијата на Кочани и Штип.
Како што објавија од полицијата, неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја.
„Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“, велат од полицијата.
Апелираат протестите да се одржуваат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата.
foto freepik.com/diana.grytsku
