Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЖЕ ДА ОСТАНЕМЕ И БЕЗ ПРЕТСЕДАТЕЛ - Милошоски објаснува зошто е подобро да се одржат заеднички претседателски и парламентарни избори

МОЖЕ ДА ОСТАНЕМЕ И БЕЗ ПРЕТСЕДАТЕЛ - Милошоски објаснува зошто е подобро да се одржат заеднички претседателски и парламентарни избори

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека постојат многу сериозни причини зошто би требало да се одржат заеднички претседателски и парламентарни избори, особено во вториот круг на претседателските избори.

Во своето денешно гостување на радиото „Лидер“, тој даде свој коментар на неприфаќањето од власта да се организираат заеднички двојни претседателски и парламентарни избори.

„Прво, економски исплатливо е да не се трошат два пати по 10 милиони евра, да се заштеди на буџет, кога имате незадоволни пензионери и немате учебници во образованието. Второ, да не влезе државата во уставна криза. На минатите претседателски избори цензусот на излезеност беше 46 отсто. Според последниот попис имаме 9,6 отсто помалку резидентно население од претходниот попис и притоа зборувам за 2021 година, а во 2024 година бројката веројатно ќе биде уште помала заради овој феномен на миграција и поврзан со феноменот на намален наталитет во изминатите 20 години. Затоа, одржување само на претседателски избори значи ризик. Незадоволство кај народот дел од гласачите може да го искажат со неизлегување на избори, дел од нив се и реално отсутни и не можат да гласаат, па може да се доведеме во ситуација, навистина, да немаме избран претседател“, рече Милошоски.

Според него, трета причина за организирање заеднички избори е да немаме „осуммесечен грч на институциите“.

„Кога има избори стапува на сила Изборниот законик, намалена е функционалноста, набавките, дејствувањето, огласите и други надлежности на институциите. Доколку имаме заеднички избори ќе почне кампањата некаде од јануари-февруари и ќе заврши до средината или крајот на мај, а ако имаме раздвоени избори тоа ќе трае и државата ќе биде во грч, ќе страда и стопанството и услугите кон граѓаните“, нагласи овој пратеник.

Слично

Поврзани вести