Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можат ли Заев и Курц да ги одржат пријателските односи меѓу двете земји?

Можат ли Заев и Курц да ги одржат пријателските односи меѓу двете земји?

Заев во Македонија си ја зацврсти политичката улога со победата и на локалните избори, додека пак Себастија Курц, австрискиот политичар во подем ќе биде нов австриски канцелар. Веќе добро е познато дека активисти и членови на СДСМ не беа задоволни од тоа што Курц се појави на митингот на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите во декември на кој му даде силна поддршка на Никола Груевски како лидер на австриската сестринска народна партија. Сега, Заев се најде во состојба да биде дел од Еконмскиот форум во Австрија при што се сретна и со мандатарот Курц со кого се очекува да има блиски контакти и во иднина ако се земе во предвид македонската желба за влез во ЕУ и досегашната поддршка од Австрија.

„Премиерот Заев и министерот за надворешни работи и мандатар на идната австриска влада, Курц потврдија дека Република Македонија и Република Австрија имаат одлични билатерални односи и активна политичка, економска и секторска соработка. Исто така премиерот Заев го информираше министерот за надворешни работи и мандатар на идната австриска влада, Курц за напредокот во реализацијата на реформскиот план 3-6-9 и со согласија дека реформите одат во вистинска насока и така треба да продолжат“ соопштија од Владата.

Во однос на заедничкиот предвизик од мигрантската криза премиерот Заев потврди дека „Македонија останува посветен и кредибилен партнер на ЕУ во справувањето со предизвиците што ги отвори мигрантската криза. Токму затоа серијата мерки во делот на миграциите се на врвот на приоритети на реформскиот план“.

Политичките разлики меѓу Заев кој доаѓа од левичарска партија и Курц кој е изразен десничар и победи поради остриот тон кон мигрантите може да доведат до интересен однос меѓу двата премиера и менување на досегашната динамика меѓу Македонија и Австрија со чести заеднички средби на високо ниво и поддршка за политиките. Сепак, од владината служба информираат дека премиерот Заев и министерот и мандатар Курц се согласиле набргу по формирањето на Владата во Република Австрија, на почетокот на идната година, господинот Курц да посети Република Македонија за продолжување на успешната соработка меѓу двете држави.

Премиерот Заев потенцираше дека Република Австрија е најголем поединечен инвеститор и силен поддржувач на Република Македонија на патот кон интеграција во Европската Унија. Премиерот Заев се заблагодари на континуираната поддршка што Македонија ја добива од Австрија во процесот на европските интеграции на земјата и оцени дека е исклучително важно и поволно што Австрија ќе биде претседавач со ЕУ во втората половина на 2018 година.

„Ние сме посветени на процесот на домашни реформи и ќе испорачаме резултати, а од другата страна очекуваме јасен патоказ за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и почеток на преговори во 2018 година.“ изјави премиерот Заев.

На средбата беше констатирано дека Австрија го следи процесот на демократски реформи во Македонија и е спремна да ги поддржи реформите за да ги дадат очекуваните резултати. Регионот на Западен Балкан е од стратешка важност за Австрија и останува заинтересирана да ги унапреди политичките и економски релации со сите земји на регионот.

Македонија одигра клучна одлука во справувањето со мигрантската криза во 2015 година и за Австрија е важно соработката во таа област да остане на високо и задоволително ниво. Во таа смисла Австрија е пријател и партнер кој е спремен да обезбеди помош и поддршка.

Х.С.

Слично

Поврзани вести