Економија, финансии, бизнис

Контакт

Моторџија загина во тешка сообраќајка кај Демир Капија

Моторџија загина во тешка сообраќајка кај Демир Капија

Четириесет годишен моторџија од Кавадарци загина попладнево на автопатот Демир Капија – Удово, откако удрил во автомобил.

Верољуб Додевски, портпаролoт на СВР Велес откри дека околу 13.30 часот на автопатот Демир Капија – Удово мотор марка „хонда”  без регистарски ознаки, управуван од четириесетгодишник од Кавадарци, удрил во патнички автомобил марка „фолксфаген голф“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од А.Д.П.(19) бугарски државјанин, при што, возачот на моторот загинал.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Архивска слика

Слично

Поврзани вести