Мотоциклист загина кај Плетвар по судар со камион управуван од арачиновец
Вчера попладне мотоциклист од Прилеп загинал на Плетвар по судар со камион, управуван од возач од скопско Арачиново, извести МВР.
„На 20.05.2023 околу 13.25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп-Росоман, кај место викано „Карпачов камен“ на Плетвар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М. од с.Арачиново, скопско и мотоцикл „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(28) од Прилеп. Во несреќата, од здобиените повреди мотоциклистот Д.Н. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, известува полицијата.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
