Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОСТ во Штип и Кратово регистрирал две неправилности

МОСТ во Штип и Кратово регистрирал две неправилности

Генералната оценка на набљудувачите на МОСТ и нејзините регионални канцеларии е дека гласањето во вториот круг на претседателските избори се одвива во мирна атмосфера со две неправилности што се оценуваат како изолирани случаи. На гласачко место 2248/1 во Штип е забележано е читање на имиња на избирачи на глас, а пред гласачкото место 0934 во Кратово е забележано присуство на неовластено лице кое било отстрането по интервенција на полицијата.

Oд граѓанската асоцијација МОСТ информираат дека до 13 часот правото на глас во изборот за претседател на државата го искористиле 21,3 отсто од граѓаните. Тоа е за 5,1 отсто повеќе од 12 часот или за 10,1 отсто повеќе од 11 часот. 

Нивните податоците се базираат на т.н. ПВТ програма (паралелно сумирање на гласови) што претставува математичко-статистички научен метод.

Слично

Поврзани вести