Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОСТ со први коментари за гласањето

МОСТ со први коментари за гласањето

 Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање за избор на нов претседател на државата го следи со над 1.500 набљудувачи.

Претседателот на МОСТ, Дарко Алексов, посочи дека се формирани статични и мобилни тимови кои ќе го следат изборниот процес а сите гласачки места се отворени навремено и без проблеми.

Алексов кажа дека на едно од гласачките места во село Прибилци е забележан графит со навредлива содржина, што бил исцртан минатата ноќ.

Исто така Алексов посочи дека во гласачко место во село Рич било прекинато гласањето во времетраење од околу 50 минути, поради прекин на работата на УВ-ламбите.

– Нашиот систем е составен од неколку нивоа на проверка, во текот на целиот ден ќе излегуваме со проверени и потврдени информации, нагласи претседателот на МОСТ.


Слично

Поврзани вести