Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОСТ со прелиминарна оценка за првиот круг од изборите

МОСТ со прелиминарна оценка за првиот круг од изборите

„Изборната кампања помина во генерално релаксирана атмосфера. Првпат не беа регистрирани инциденти кои влијаеја на атмосферата во која се спроведе кампањата, што е за поздравување. Кампањата се одликуваше со зголемен број непосредни средби со граѓаните и повисок интензитет на т.н. кампања од врата до врата, вклучително и во руралните средини. Регистрирани беа само неколку случаи на негативна кампања и присуство на малолетници на митинзите. Првпат по подолго време бевме сведоци на поголем број дебати помеѓу кандидатите преку кои на гласачите им беше овозможено да направат информиран избор“. Ова го кажа на денешната прес-конференција извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов.

Оценувајќи го изборниот ден тој кажа дека првиот круг поминал во фер и демократска атмосфера а биле забележани само неколку изолирани случаи на неправилности што не влијаеле на квалитетот на изборниот процес и на кои имало соодветна реакција од надлежните органи. 

ДКСК постапи по 13 приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ во однос на потенцијална злоупотреба на државните ресурси, при што прифати три од нив. Позитивно се оценува ваквото постапување на ДКСК кое, како како што рече, придонесе за поголема ажурност и на останатите институции, но сепак треба да се нагласи дека одлуките треба да се носат во согласност со одредбите во Изборен законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, што беше потврдено и со постапувањето по тужбите од страна на Управниот суд.

Слично

Поврзани вести