Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОСТ со над 2.500 набљудувачи ќе ги следи изборите, граѓаните да пријават неправилности

МОСТ со над 2.500 набљудувачи ќе ги следи изборите, граѓаните да пријават неправилности

Со над 2.500 набљудувачи граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи  локалните избори во текот на утрешниот ден. 

Од нив 2.100  набљудувачи ќе бидат статични и  ќе покријат 50% од гласачките места. Тие ќе го следат процесот на гласање од отворање на гласачките места до затворање на гласачките места, како и пребројувањето на гласовите. Набљудувачите на МОСТ ќе носат жолти маички со кратки ракави на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ со „Мониторинг 2017“.

„Дополнително 81 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии и изборната комисија на Град Скопје, а еден ќе ја набљудува работата на Државната изборна комисија“ - изјави  директор на МОСТ, Дарко Алексов.

Алексов соопшти дека граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес ќе може тоа да го направат на бесплатната телефонска линија 080 080 080 или преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.

МОСТ утре ќе има четири прес-конференции  во 9.30, 13.30, 17.30 и 20.30 часот на кои ќе биде соопштено како течат изборите.

Слично

Поврзани вести