МОСТ: Сите гласачки места се навреме отворени
Секаде каде што има наши набљудувачи во изборниот процес, гласањето се одвива тековно и без проблеми, велат од Асоцијацијата МОСТ
„Од нашите набљудувачки на терен добивме информација дека сите гласачки места се навреме отворени“, соопштија од МОСТ.
МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 20% од вкупниот број на гласачки места на територијата на целата држава, како и 20% од гласачките места во рамките на секоја изборна единица.
Граѓаните гласаат на десеттите парламентарни избори.
Слично
