Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОСТ: Резултатите се премногу блиски

МОСТ: Резултатите се премногу блиски

Од МОСТ на прес-конференција соопштија дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се премногу блиску со мандати. 

Тие одбија да направат проекција која партија колку мандати добива. 

„Резултатите се премногу блиски за да можеме преку проекција на мандати да кажеме која е прераспределбата на силите. Ова е за прв пат да се случи во Република Македонија, а  граѓанската асоцијација МОСТ е премногу сериозна за да проектира мандати затоа што може да биде на штета на било која од партиите која се бореше на изборите“ - изјави Дарко Алексов, претседател на МОСТ. 

Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше денешното гласање со повеќе од 3.000 набљудувачи. На гласачките места беа распоредени 2.664 набљудувачи кои покрија околу 55% од гласачките места во Република Македонија. 

Слично

Поврзани вести