Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мост регистрираше неправилности, имало и сликање на ливчиња

Мост регистрираше неправилности, имало и сликање на ливчиња

Гласачкото место 1036 во општина Куманово е отворено со 15 минутно задоцнување, регистрирала невладината Мост. 

Избирачкото место 2210 во општина Велес е отворено со 30 минутно задоцнување поради тоа што немало електрична енергија. 

„Досега, забележано е: ГМ 1580/1, општина Радовиш, еден гласач го фотографирал гласачкото ливче со мобилен телефон. Избирачкиот одбор не забележал и не реагирал. ГМ 2556, општина Ѓорче Петров, еден гласач го фотографирал гласачкото ливче. Повикана е полиција. Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080, а истото може да го сторат и преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk. Напоменуваме дека тајноста на гласот е загарантирана и апелираме до избирачките одбори да ги информираат гласачите дека се гласа само со заокружување, со пенкало со сино мастило“ - велат од Мост. 

Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на изборите, како и излезноста на гласачите, Мост ќе и ги соопшти на јавноста на уште три конференции за јавност и тоа во 11 часот, во 14 часот и во 19 часот, а дополнително ќе биде објавен терминот на последната конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ програмата за одѕивот и распределбата на мандатите, додаваат од МОСТ. 

Слично

Поврзани вести