„МОРТУС ПИЈАНИ СЕДНАЛЕ ЗАД ВОЛАН“: уапсени двајца возачи, едниот од Скопје, другиот од Радовиш
Фатени двајца возачи зад волна со големо количество на алкохол во крвата, соопштува Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за возачи од Скопје и од село во околината на Радовишко.
- На 22.11.2025 во 21:40 часот на регионалниот пат 1109, во близина на село Фурка, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.Т.(64) од Скопје.
По преземени мерки е утврдено дека под дејство на алкохол управувал патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, односно измерени му се 2,35 промили алкохол во крвта - се наведува во соопштението на МВР.
Исто така додаваат дека во текот на вчерашниот ден е фатен уште еден алкохолизиран возач.
- Во 23:05 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода С.М.(36) од село Ораовица, радовишко.
По преземени мерки е утврдено дека под дејство на алкохол управувал патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, односно измерени му се 2,69 промили алкохол во крвта - се посочува во објавата.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.
