Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОРТУС ПИЈАН СЕДНАЛ ЗАД ВОЛАН - возач од Скопје со 4 промили алкохол во крвта собрал две паркирани возила

МОРТУС ПИЈАН СЕДНАЛ ЗАД ВОЛАН - возач од Скопје со 4 промили алкохол во крвта собрал две паркирани возила

Возач во Скопје е уапсен откако е фатен како управува возило со дури 4,01 промили алкохол во крвта. Тој е фатен вчера во попладневните часови откако претходно удрил во две паркирани возила.

- На 26.03.2026 во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(46) од Скопје. Тој, околу 15:35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки и паркирано патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки.

При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било констатирано дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 4,01 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител, тој е задржан во полициска станица и возилото му е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ - се посочува во објавата на МВР.


Фото: Принтскрин/МВР


Слично

Поврзани вести