МОРТУС ПИЈАН СЕДНАЛ ЗАД ВОЛАН - излетал од патот и си „заработи“ пријава
Возач од кратовско е упасен, откако со своето возило излетат од патот бидејќи возел во алкохолизирана состојба. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тој управувал возило со 3,19 промили алкохол во организмот/
- На 26.01.2026 во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С.(38) од с.Татомир, кратовско.
Претходно, во 22:45 часот на регионалниот пат с.Татомир – Кратово, во с.Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,19 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“ - се наведува во нивната објава.
Слично
