Економија, финансии, бизнис

Контакт

Морбилите го сотреа здравството: Ќе има ли крај на сагата со ова заболување?

Морбилите го сотреа здравството: Ќе има ли крај на сагата со ова заболување?

„Со вакцинирање на децата родителите го чуваат здравјето на сопственото дете, но истовремено со тоа го чуваат и унапредуваат здравјето и на другите деца. Со тргнување во градинка и во школо, децата треба да бидат индивидуално заштитени, но истовремено треба и да се чува и здравјето на сите деца во училиштето или градинката тое е т.н колективен имунитет“. Ова е пораката која ја испраќаат здравствените власти во државата кои беа принудени поради бројот кој се повеќе расте да прогласат епидемија на територија на цела земја.

Морбилите се шират а граѓаните пак уште негодуваат. Официјално бројките на заразени од морбили е 1060 а од оваа година во Календарот за Имунизација се воведуваат две нови вакцини - вакцина против Рота вирусот и Пневмококна вакцина. 

Од понеделник пак е најавена вакцинација во училиштата а колку родителите ќе го прифатат ова ќе покаже бројот на оние кои ќе се вакцинираат.

Имено имунизацијата е најдобар начин за заштита на децата од тешки болести кои можат да предизвикаат и смрт.

За долготрајна и целосна заштита на детето, потребно е да се дадат различен број на дози од вакцините, во одредени временски растојанија и во различна возраст на детето. За таа цел постои календар за вакцинација. 

За тоа како се применуваат вакцините и што претставува имунизацијата читајте детално овде.

Слично

Поврзани вести