МОРАТОРИУМ: До 22 март партиите ќе се воздржат од партиски активности
Мораториум за сите партиски активности ќе има до 22 месецов.
Премиерот Оливер Спасовски, утрово на средба со лидерите на политичките партии договорил мораториум за сите партиски активности поврзани со изборите до 22 март.
„Утрово искомуницирав со лидерите на сите партии и ме информираа дека ставаат мораториум за сите активности до 22 март, пред почетокот на кампањата. Тоа е добро, за сите нас, здравјето е најбитно“, рече на денешната прес конференција Спасовски.
Вели дека можноста за одложување на изборите дополнително ќе се разгледува.
Слично
