Монумент оставен пред вратите на Собранието
Камен на кој е запишан датумот од крвавиот четврток беше оставен денеска пред Собранието од страна на членовите на Алијанса на Албанците.
Тие го оставија каменот пред вратата со кој симболично одбележаа една година од насилните случувања, кога тој беше претепан речиси до смрт, а во кривичниот суд со емитување на видео снимки и фотографии од настаните од 27 април минатата година продолжи судењето за нападот врз пратеникот Зијадин Села, во кое на обвинителната клупа се наоѓаат десет лица.
Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.
Слично
