Монтажна ковид болница и во Кочани, можно е да се затвори пазарот во градот
Кочани е една од општините каде ќе се подигне монтажна болница со целосна опрема. Предлогот е таа да биде во кругот на Општа болница, потврди градоначалникот Николчо Илијев по последната седница на Општинскиот кризен штаб.
„За таа цел треба да исполниме одредени услови, да изработиме платформа со приклучоци за струја, вода и канализација, а поради тоа треба да извршиме и измени во Планот за јавни набавки. Сметам дека таква монтажна болница е придобивка за Кочани и за регионот, вели Илијев.
На седницата било заклучен и дека ако овој четврток не се почитуваат правилата, пазарот во Кочани целосно да биде затворен.
Во Кочани досега се направени 1.054 тестови, а регистрирани се 82 позитивни случаи и 30-ина активни.
„Внимаваме, тоа што се случува во Штип да не се прелее кај нас. Очекуваме поголем број заболени од почетокот на септември и повикуваме на сериозно и одговорно однесување и почитување на мерките, во спротивно може да се соочиме со голема криза, вели Гоце Серафимов, Директор на Центарот за Јавно здравје на Кочани.
