Економија, финансии, бизнис

Контакт

Монтажна болница за Ковид-19 во дворот на кумановската болница, бара Димитриевски

Монтажна болница за Ковид-19 во дворот на кумановската болница, бара Димитриевски

Куманово бара да се постави монтажна болница за Ковид-19 во дворот на болницата. 

Монтажната ковид-болница ќе го зголеми капацитетот за прием на пациенти, вели градоначалникот Максим Димитриевски.

„На последниот состанок на општинскиот Кризен штаб за заштита и спасување поднесовме барање до Владата и Министерството за здравство да се вклучат со заеднички сили првично да создадат услови, а потоа и да се изгради монтажна ковид-болница во Куманово, со цел да се зголеми капацитетот на регионалната кумановска болница. Во моментов гледам дека се одвиваат такви активности во Скопје и во други градови, но сè уште немаме официјален одговор од Владата. Верувам дека во следниот период ќе се изгради таков објект и кај нас во Куманово“, изјави Димитриевски.

Општината ќе го подготви теренот, ќе обезбеди водоснабдување за објектот, а другиот дел од инвестицијата ќе го покрие државата.

Куманово е еден од градовите со највисок морталитет. 

Вчера имаше нови 11 позитивни во градот. 


Слично

Поврзани вести