„Монструм“: Родителите на убиените момчиња бараат средба со Дескоска
Продложува рочиштето за „Монструм“, на кое денеска ќе се презентираат СМС пораки поврзани со петкратното убиство кое се случи во 2012 година. Пред почетокот на расправата обвинителката Фатиме Фетаи која го води случајот уште кога беше обвинителка во Специјалното јавно обвинителство побара Министерството за правда да даде одговори околу екстрадицијата на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во Косово.
-Доколку може да добиеме конкретен одговор од Министерството за правда дали воопшто е започната постапка за екстрадиција и дали нешто преземаат косовските власти. Сите досега добиени одговори беа исти, постапката е во тек, рече обвинителката Фетаи.
Фетаи вели дека се очекува конечна одлука за случајот за неколку месеци.
Адвокатката на родителите на убиените побара да се сретнат со министерката за правда Рената Дескоска.
