Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Монструм“: Петкратното убиство го извршиле професионалци, без трага зад себе

„Монструм“: Петкратното убиство го извршиле професионалци, без трага зад себе

Продложува рочиштето за петкратното убиство кое на 12 април во 2012 година зави во црно пет семејства.

И денеска се презентираат СМС пораки поврзани со случајот „Монструм“ а дел од медиумите пренесоа дека во дел од пораките кои биле прочитани бил и разговор меѓу Али Ахмети и тогашниот министер, Џељал Бајрами.

Од разговорот станува јасно дека Бајрами, му вели на Ахмети оти убиството го сториле професионалци додавајќи дека целото убиство на него му изгледало како сцена од војната во екс Југославија.

Бајрами на Ахмети му вели дека убијците не оставиле никакви траги зад себе освен тие од гумите на автомобилот.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинетите за убиството на петмината Македонеци кај Железарското езеро во Скопје, се пребегани во Косово од 2012, а тамошната полиција ги уапси и кај нив пронајде поголемо количество оружје.

Токму за нив Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа кога беше во посета на Македонија рече дека тие ќе бидат екстрадирани  во Македонија што завршат сите процедури во министерството за правда.

Претходно во еден разговор се дозна дека децата кои беа монструозно убиени не биле криминалци, туку мирни деца. Рафално се убиени и во глава се пукани.

Слично

Поврзани вести