„МОНСТРУМ“: Паднаа ли во вода ветувањата за екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ?
Косовските власти не знаат каде e обвинетиот во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ. за петкратното убиство кое во 2012 година се случи кај Смилковското езеро.
До Министерството за правда стигнал одговор дека косовските власти не знаат каде е Исмаиловиќ.
„Добивме информација од страна на Министерството за правда на Косово дека добиле одговор од надлежниот јавен обвинител дека во моментот не е познато каде се наоѓа обвинетиот Африм Исмаиловиќ“, стои во соопштението на македонското Министерство за правда.
Тие ќе испратат ургенција и ќе побараат од надлежните косовски власти да направат напори за пронаоѓање на Исмаиловиќ и негова екстрадиција.
Министерството за внатрешни работи во мај 2012 година распиша потерница по овие две лица. Двајцата бегалци во Косово беа осудени на затворски казни за трговија со оружје и кога ја издржаа казната беа, пуштени да се бранат од слобода.
Во август лани, Министерството за правда ја почна постапката за нивна екстрадиција. Со првостепената одлука на Основниот суд Скопје 1, Исмаиловиќ и Демири во отсуство се осудени на доживотни затворски казни, а пресудите им беа укинати од Врховниот суд.
„Тие ќе бидат екстрадирани во Македонија, штом завршат сите процедури во министерството за правда“ - рече Мустафа.
Вчера во судница се презентираат СМС пораки поврзани со случајот „Монструм“, а дел од медиумите пренесоа дека во дел од пораките кои биле прочитани бил и разговор меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и тогашниот министер, Џељал Бајрами.
Од разговорот станува јасно дека Бајрами, му вели на Ахмети дека убиството го сториле професионалци додавајќи дека целото убиство на него му изгледало како сцена од војната во екс Југославија. Бајрами на Ахмети му вели дека убијците не оставиле никакви траги зад себе освен тие од гумите на автомобилот.
