„МОНСТРУМ“: Доживотно осудените за убиството кај Смилковско езеро пред Врховен судија
По 15 месеци откако одбраната поднесе жалба на пресудата на Кривичниот и Апелациониот суд денеска пред Врховен судија ќе застанат шесте осудени во случајот „Монструм“.
Врховниот суд ќе одлучува по обжалената пресуда а осудените добија доживотен затвор за убиството кај Смилковско езеро.
Двајца од шестмината осудени се уште не се екстрадирани во земјава.
Свирепото убиство однесе во смрт млади момчиња на велики четрвток во 2012 година.
Убиени беа Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.
Слично
