Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОН започнува кампања против насилство во училиштата

МОН започнува кампања против насилство во училиштата

Министерството за образование и наука соопшти дека започнува со кампања за подигнување на свеста кај младите за, како што велат од таму, мир, ненасилно и толерантно однесување во и надвор од училиштата.

„Ќе се обидеме да допреме до сите, до учениците, наставниците и другите вработени во училиштата, родителите и старателите, да укажеме дека важен е придонесот на секој од нас во остварувањето на целта. Неопходно е да се даде предност на вербалниот дијалог помеѓу учениците и на мирното решавање конфликти“, соопшти министерството.

Од МОН додаваат дека целта е да се зголеми свесноста за последиците од евентуално девијантно однесување, за кои во изминатиот период во соседството се уверивме дека може да бидат катастрофални.


Слично

Поврзани вести