МОН ПРЕДУПРЕДИ: Училиштата не смеат да наплаќаат за сведетелствата, Просветниот инспекторат ќе постапува во неколку школи
Училиштата
не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на сведетелствата,
за што од страна на Министерството за образование и наука им беше укажано со
писмен допис уште пред крајот на учебната година, соопштија од МОН по
реакцијата на Унијата на средношколци.
-Педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5% во случај на грешки и слично. МОН потсетува дека, согласно Уставот на Република Северна Македонија како и член 3 од Законот за основно образование, и член 3 од Законот за средно образование (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 161/19 и 229/20), со кои секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование. Инаку станува за изолирани случаи во неколку училишта кои вршеле наплата на надоместокот за свидетелствата за што ќе постапи Државниот просветен инспекторат, велат од МОН.
