Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОН: Реформата стартува од први септември со нови наставни материјали и дигитални учебници

МОН: Реформата стартува од први септември со нови наставни материјали и дигитални учебници

Доцна вечерва реагираше Министерството за образование и наука.  

Ова следува по информацијата дека Владата го повлекува Предлог-законот за учебници и наставни материјали со кој од следната година четвртоодделенците требаше да почнат да учат од дигитални учебници, и дека иницијативата „Учебници и настава мора да има“ добила официјално известување од претседателот на Собранието, Талат Џафери дека Владата го повлекува Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

Од МОН соопштија дека реформата стартува од први септември, со нови наставни материјали и дигитални учебници.

Реформата во основното образование почнува со новата учебна година во прво и четврто одделение, за што се прават сите потребни подготовки, велат од ресорот на Мила Царовска.

„Наставата за првоодделенците и за четвртоодделенците од први септември ќе тече по новата Концепција, со новите материјали за учење за што сме сигурни дека ќе дадат подобри резултати кај учениците.

Дополнително ја информираме јавноста дека сите подготовки се одвиваат според планот и утврдената динамика. Наставните програмите се веќе донесени. Во постапка е набавката на 10 илјади таблети. Тече подготовката на материјалите за учење за прво одделение кои треба да се готови до крајот на јули, а првата половина на август првите дигитални учебници треба да бидат сосема готови и да се дистрибуираат до училиштата“, соопштија од МОН.

Дополнително, велат, се набавуваат кабинети за природни науки за 265 училишта. Овие кабинети се за погорните одделенија, но важно е училиштата да се подготвени за имплементацијата на реформскиот процес кој ќе се спроведува во следните 5-6 години.

Слично

Поврзани вести