Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОН не попушта: Ќе има државна матура во јуни следната година

МОН не попушта: Ќе има државна матура во јуни следната година

Засега не се планираат измени и годинава, па државната матура ќе се спроведе во јуни следната. Во Министерството за образование и наука се категорични и не одговорија позитивно на барањето Сојузот на средношколци од каде бараа наместо матурата да се работи само проектна задача. Од Министрерството велат дека државната матура е законска обврска, но дека ќе се обезбеди и решение за одвивањето.

Матурантите треба до крајот на месецот да ги пријават темите за проектната задача, а до крајот на декември да ги пријават и испитите од листата за полагање, којашто е проширена со уште нови два предмета. 

„Оваа учебна година за првпат, матурантите имаат можност за реализација на матурска проектна задача во согласност со условите во кои се одвива наставата и глобалните трендови на културата и младите. Истовремено, во насока на ефективно и организирано полагање на испитите од државната матура, испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини“, соопштија од МОН.

Од Министерството потенцираат и дека полагањето завршни испити од државна матура се спроведува во сите европски земји и земјите во регионот, како Словенија, Хрватска, Црна Гора, Косово и Албанија, додавајќи дека таму матурските испити се реализираат непречено со почитување на сите здравствени и безбедносни протоколи.


Слично

Поврзани вести