Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОН најави инспекции за божикните ученички поворки

МОН најави инспекции за божикните ученички поворки

Министерството за образование и наука потенцира дека ниту дала согласност ниту од нив била побарана дозвола за организирање на божикните поворки во повеќе градови низ Македонија и дека тие не ја нарушиле секуларноста, но затоа пак најавија инспекциски контроли со цел да се утврди дали училиштата учествувале во организацијата. 

„Во врска со случувањата на 06.01.2018 година, кога групи деца учествуваа во верски манифестации во повеќе градови низ Република Македонија, Министерството за образование и наука известува дека станува збор за период кога учениците се на зимски распуст, кога нивните родители, односно старатели го организираат користењето на слободното време и активностите на нивните деца.

Воедно Ве информираме дека од Министерството за образование и наука не била побарана, ниту Министерството дало согласност за превземање на било какви активности во училиштата за подготовка или организирање на учениците за учество во овие манфестации, во текот на првото полугодие од оваа учебна година.

Во оваа прилика укажуваме дека на граѓаните на Република Македонија им се гаранитира правото на здружување и слободата на вероисповеста, односно слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата, но во Законот за основното образование во членот 11 е наведено дека „во основното училиште се забранува политичко и верско организирање и дејствување“. Воедно, наставниците во спроведувањето на наставата по сите задолжителни или изборни предмети, се должни да ја следат програмата која е утврдена од страна на Министерството.

Заради расчистување на било какво сомневање околу прекршување на законските одредби од областа на образованието, Министерството за образование и наука во текот на утрешниот ден ќе побара од Државниот просветен инспекторат да ги испита сите индиции за евентуално верско организирање и дејствување во училиштата.

Воедно напоменуваме и дека вршење на инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат беше невозможно во изминативе неколку денови, со оглед на тоа што покрај учениците кои се на зимски распуст и вработените во училиштата се ослободени од активности до 09.01.2018 година, соопштуваат од МОН.


Слично

Поврзани вести