Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОН: И наставниците да не одат на работа до 1 февруари, да се заштеди енергија

МОН: И наставниците да не одат на работа до 1 февруари, да се заштеди енергија

Министерството за образование и наука испрати допис до училиштата со барање и просветните работници да не одат на рбаота до 1 февруари со цел да се заштеди енергија.

Дописот од министерството е испратен до директорите на училиштата. Во него се вели да не се организираат работни активности за наставниците, стручните соработници и административно – техничкиот кадар.

Ќе работи само обезбедувањето на објектите и имотот на училиштата во периодот од 20 до 26 јануари, кога се користи зимскиот одмор за учениците.

„Оваа препорака се дава со цел да се намалат трошоците за енергија и за електрична енергија во училишните објекти“, пишува во дописот испратен од МОН.


Слично

Поврзани вести