Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОН го затвори колективниот карантин во Криволак по поплаките за лошите услови

МОН го затвори колективниот карантин во Криволак по поплаките за лошите услови

Министерството за одбрана го затвори колективниот карантин во Криволак, познат уште и како Пепелиште, кој требаше да прими во изолација околу 200 македонски државјани кои задоцнија со враќањето во земјата, по поплаките за лошите услови со кои се затекнале таму.

МОН претпладнево ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак ќе бидат преместени на нова локација, по само 12 часа откако министерката за одбрана Радмила Шекеринска објави дека во центарот се е подготвено за прифаќање на патниците.

„Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија“, наведоа од министерството.

Деветмина граѓани кои според нивните кажувања биле во Австрија да настапуваат како музичка група, вчера доцна вечерта преку медиумите се пожалија дека само тие биле сместени во карантин во Пепелиште, воениот полигон во Криволак, а не сите 200 граѓани кои требаше да влезат преку Деве Баир. 

Тие рекоа дека незавидни биле хигиенските услови, а исто така и не можеле комотно да заспијат.


Слично

Поврзани вести