Економија, финансии, бизнис

Контакт

Моментите кога се собираме дома за празниците ми носат најмногу мир и среќа: Празнично интервју со Игор Стефановски-Иџе

Моментите кога се собираме дома за празниците ми носат најмногу мир и среќа: Празнично интервју со Игор Стефановски-Иџе

За јавноста, Игор Стефановски Иџе е симбол на брзина, концентрација и беспрекорна контрола. На патеките и планинските серпентини, тој е човекот што секогаш оди до крај, со адреналин во крвта и поглед насочен кон целта. Но, кога ќе згаснат моторите и ќе заврши уште една напорна сезона, Иџе ја симнува кацигата и се враќа таму каде што вистински се смирува – дома.

Празничниот период за него не е продолжение на динамиката што ја живее преку годината, туку нејзина целосна спротивност. Декември е време за тишина, за разговори без брзање, за вечери во кругот на најблиските и за едноставни моменти кои не се мерат со трофеи, туку со спокој. Наместо стартни линии и секундари, фокусот е на семејната трпеза, на топлината што ја носат Божиќните денови и на чувството дека си точно таму каде што треба да бидеш.

Во ова празнично интервју, Иџе зборува за балансот меѓу спортот и приватниот живот, за традициите што му значат повеќе од раскошот, за детските спомени што и денес го греат, но и за тоа како изгледа „подвлекувањето црта“ по уште една година исполнета со победи, падови и лекции. Искрен, смирен и приземен, тој ни открива дека зад шампионот стои човек кој најмногу цени мир, здравје и семејна блискост – вредности што токму празниците најгласно ги потсетуваат.


ЖМ: Како изгледа празничниот период во домот на Иџе? Дали во декември успевате да го намалите адреналинот и да се посветите на семејството?

Празниците во нашиот дом се многу помирни од она што луѓето би го очекувале. После цела сезона исполнета со адреналин и отсуство од дома, Декември ми доаѓа како идеален момент да бидам повеќе дома. Најмногу ми годи времето поминато со семејството-тоа ми е вистинскиот баланс после напорната сезона...

Линк до целосното интервју на Женски магазин

Слично

Поврзани вести