Момчиња спасиле човек кој се давел во реката Брегалница
Маж на возраст од околу 60 години синоќа околу 19 часот се давел во водата во близина на гумената брана кај речното корито на Брегалница во централното градско подрачје на Делчево. Случајни минувачи го забележале и веднаш го извадиле од водата укажувајки му прва помош.
„Минувајќи со другарите покрај централното градско подрачје на потегот кај гумената брана во Брегалница забележав човек како бара помош. Рацете му беа испружени нагоре и без размислување, веднаш влегов во водата при што заедно со другарите, му помогнавме на човекот да се спаси од најлошото“ - вели човекот кој го спасил.
Не се знае како мажот се нашол во водата. На местото на настанот пристигнала и медицинска екипа на Итната помош како и екипа на ТППЕ Делчево. Давеникот нема сериозни повреди.
