Момчиња направија директен судир на Партизанска, завршија со тешки повреди
Млади момчиња од Скопје направија тешка сообраќајна несреќа доцна вчера во директен судир на нивните автомобили по што се здобиле со тешки телесни повреди.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила во 21,50 часот на раскрсницата на Партизанска и улица Париска кога дошло до судир на два автомобили марка „бмв“ едното управувано од 19-годишниот А.Ѓ. , а другото од 21-годишниот И.А., двајцата од Скопје.
По судирот поради сериозностана повредите во Ургентниот центар се префрлени А.Ѓ.и неговиот сопатник М.А.М. (18) од Скопје.
Две возила во несреќата се речиси целосно уништени, а сообраќајот на булеварот синоќа поради несреќата се одвиваше по една лента.
Слично
